Шумска јагода (Fragaria Vesca)
Лековита билка која е распространета на планината Голак.
01
Опис:
Шумската јагода е повеќегодишно тревесто растение. Од Пазувите на лисјата излегуваат долги, лазечки надземни изданоци, вкоренети во јазли. Цветоносните стебла се високи од 5-30 см безлисни малку подолги од листовите.
Цветовите се соберени во малицветни соцветија. Плодовите како оревчиња распоредени по површината на јагодата.
Цвета во Мај – Август, плод раѓа во јуни – септември. Се размножува претешно вегетативно (со столони)..
02
Шумска јагода-карактеристики:
Плодовите се берат кога се зрели. Најдобро е да се користет свежи бидејќи се здрава природна храна богата со шеќери, витамини и минерали. Плодовите се сушат во сушарана температура од 50-60 степени. Се чуваат во хартиена амбалажа.
Листовите се берат поединечно и тоа здрави листови кога растението е во фаза на цветање. Во тој период листовите се најсочни и најбогати со лековити материи. Листовите се сушат на сенка и проветрени места. Тие исто така се чуваат во хартиена амбалажа.
03
Распространетост:
Шумската јагода е доста распространета на планината Голак. Расте по полиња, широки места во шумите, сечишта, необработливи земјишта,покрај патишта. Достигнува до 2000 м.н.в.
04
Лековити својства:
Листот поради содржината на флавониди ја подобрува циркулацијата и има силен ефект врз мочните патишта. Го зголемува мокрењето и помага при заболување на бубрезите, мочниот меур и при воспаление на простатата. Надворешно листовите може да се користат во форма на облози за лекување на удрени, места отечени и каснати од инсекти. Отокот се намалува, болката престанува и до брзо заздравување.
Плодовите од шумската јагода се здрава храна богата со природни материи и затоа во домаќинствата се користи за припремање на слатко, мармалади, компот, сокови. Покрај хранливата функција поволно влијаает на функцијата на црниот дроб, го намалува крвниот притисок и ја подобрува крвната слика.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Боровинки.
Извадок од прирачник за лековити билки.
ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС
Ајде да создаваме заедно
Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.