Ајдучка трева (Аchillea millefolium)

01

Опис:

Ајдучка трева е повеќегодишно растение. Стеблата се прави, тенки, високи до 60см. Целото растение е покриено со сиви влакненца што му даваат сиво-белузнава боја.

Цветовите се собрани во кошнички до 2мм во дијаметар распоредени по врвовите на стеблото. Цвета од Јуни до Септември, а плод раѓа од Август до Ноември. Се размножува со семиња и вегетативно (со коренски изданоци).

02

Ајдучка трева-карактеристики:

Берењето треба да биде на чисти и незагадени места најдобро е на планински ливади. Се бере по текот на цветањето по убаво и сончево време. Се сечат врвовите на растеноето во должина од 20-30 смво текот на целото лето. Ајдучката трева треба да се бере внимателно да не се оштетува и откорнува.

Ајдучката трева се суши под сенка, на проветрени места врзана во форма на китка или распослана на чиста хартија. Со берењето, сушењето и чувањето зависи лековитоста на растението. Треба да се зачуваат природната боја, аромата и вкусот, но највеќе лековитоста. Секоја година треба да се берат нови количини.
Распространетост:
Ајдучката трева е широко распространета на планината Голак. Расте по суви, тревести места, во пред планинските и планинските области. Достигнува до 2300 м.н.в.

03

Распространетост:

Ајдучката трева е широко распространета на планината Голак. Расте по суви, тревести места, во пред планинските и планинските области. Достигнува до 2300 м.н.в.

04

Лековити својства:

Ајдучката трева е силен лек за јакнење на организамот. Таа го зголемува апетитот, ја подобрува функцијата на желудникот и цревата, ја стимулира жолчката, црниот дроб и панкреасот и го подобрува варењето на храната. Се користи за лекување на болести на желудникот, тенките и дебелото црево.
Посебно е ефикасна за изработка на масти за лекување на хемороиди проследени со крварења. Исто така Ајдучката трева има голема примена во изработка на лосиони, масти, креми, пасти за лекување на рани и опекотини. Влегува во составот на комбинирани медицински чаеви за стомачни заболувања и чаеви за јакнење на организмот.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Риген.
Извадок од прирачник за лековити билки.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС

Ајде да создаваме заедно

Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.

Scroll to Top