Подабиче (Teucrium chamaedrys)

Лековита билка која е распространета на планината Голак.

01

Опис:

Подабиче е повеќегодишно тревно растение. Коренот е вдрвенет. Стеблата се четирирабести,легнати или исправени, зелени, високидо 40 см. Цветовите се соберени по неколку и се распределени во пазувите на горните листови.
Плодовите се суви, при созревање се распаѓаат на четири, широко-елипсовидни, мазни и малку набраздени оревчиња. Цвета и раѓа плод во Мај-Јуни. Се размножува главно со семе.

Подабиче(Teucrium chamaedrys)

02

Подабиче-карактеристики:

Подабиче мора да се бере на чисти места кои не се загадени. Најдобро е да се бере на планински ливади. Бербата се прави во текот на цветањето и се бере по убаво, суво и сончево време. Не треба да се откорнува, се сече со ножици 10 см од врвот.
Се суши брзо на сенка, на промаја, распослана на чиста хартија или платно или врзан во китка и закачен да се суши. Исушената билка има пријатен мирис, опор и горчлив вкус.

03

Распространетост:

Подабецот се среќава често и на планината Голак. Расте по суви, тревни и каменливи места, во разретчени мешани шуми и грмушки. Достигнува до 2000 м.н.в.

04

Лековити својства:

Народот има неограничена доверба во оваа лековита билка. Во традиционалната медицина се користи повеќе отколку во научната медицина. Таа претставува добар стомахик, го подобрува варењето и лачењето на сокови. Ги намалува стомачните болки и многу често народот ја користи при болки како резултат на воспаление на желудникот, болки при воспаление на тенкото црево, го намалува воспалението,Народот има неограничена доверба во оваа лековита билка.
Во традиционалната медицина се користи повеќе отколку во научната медицина. Таа претставува добар стомахик, го подобрува варењето и лачењето на сокови. Ги намалува стомачните болки и многу често народот ја користи при болки како резултат на воспаление на желудникот, болки при воспаление на тенкото црево, го намалува воспалението, како и воспаление дебелото црево, помага исто и при воспалени хемороиди. како и воспаление дебелото црево, помага исто и при воспалени хемороиди.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Боздел.

Извадок од прирачник за лековити билки.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС

Ајде да создаваме заедно

Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.

Scroll to Top