Мајчина Душица (Thymus serpyllum)
Лековита билка која е распространета на планината Голак.
01
Опис:
Мајчина Душица е во вид на полугрмушчиња кои се вдрвенете во основата со лазечки или поисправен разграноци високи од 12 – 15 см. Листовите имаат јајцевидна форма. Мајчината душица има силна арома.
Цветовите и се ситни розави, розови-виолетови, како и бели, собрани по врвовите во форма на топчести соцветија. Цвета и дава плод преку цело лето. Се размножува со семе и вегетативно. При берење недозволено е откорнување на грмушките.
02
Мајчина Душица-карактеристики:
Секое семејство потребно е да има во својот дом Мајчина душица. Се бере речиси цело лето по убаво сончево време. Таа се бере со сечење на гранките во должина од 10см. Најдобре е да се бере во текот на цветањето. Мајчината душица треба да се суши под сенка, на проветрени места врзана во форма на китка или распослана на чиста хартија.
Мајчината душица се чува во хартиена амбалажа. Со берењето, сушењето и чувањето зависи лековитоста на растението. Треба да се зачуваат природната боја, аромата и вкусот, но највеќе лековитоста. Секоја година треба да се берат нови количини.
03
Распространетост:
Мајчината душица е широко распространета на планината Голак. Распространета е насекаде, особено на суви и откриени простори. Достигнува до 2000 м.н.в.
04
Лековити својства:
Мајчината душица е чај за секојдневна употреба. Најмногу се користи во народната и научната медицина за лекување на градни болести: бронхит, емфизем, пневмонија хронични проблеми со белите дробови. Влегува скоро во сите медицински чаеви за градни болести има големо влијание врз подобрувањето на имунитетот. Исто така се користи за лекување на усната шуплина, воспалени непца, слузокожата, како и воспаление на грлото.Многу е ефикасен за лекување на пролив кај деца и возрасни од бактериска природа. Најдобриот лек од Мајчина душица чајот.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Ајдучка трева.
Извадок од прирачник за лековити билки.
ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС
Ајде да создаваме заедно
Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.