Црвен Кантарион (Erythraea centaurium)
Лековита билка која е распространета на планината Голак.
01
Опис:
Црвен Кантарион е двегодишно тревно растение. Стеблата се прави и тенки со висина од 10см до 40см. Има ситни цветчиња со розава или розава пурпурна боја.
Цвета од Јуни до Август, раѓа плод од Јули до Септември. Се размножува со семе.
02
Црвен Кантарион-карактеристики:
Берењето на Црвениот кантарион се врши во текот на цветањето. Се бере на чисти и незагадени места по суво и сончево време, се сече од врвот 15 – 20см. Не треба да се откорнува и по провило на секоја ливада треба да се остават гранчиња за понатамошно размножување на растението.
Се суши во форма на китка под сенка на промаја или распрослан на чиста хартија. Не треба да се суши дирекно изложен на сонце. Се чува во хартиена амбалажа на суво место. Со берењето, сушењето и чувањето зависи лековитоста на растението, а исушеното растение има многу горчлив вкус.
03
Распространетост:
Се среќава често на планината Голак. Расте по умерено влажни до суви, тревни и каменливи места, по пасишта, напуштени необработливи земји и ливади, по краиштата на листопадни шуми. Достигнува 1500 м.н.в.
04
Лековити својства:
Уште од античко време кантарионот бил опишан како лековито растение. Црвениот кантарион има три важни особини. Тој е добар стомахик, амарум и роборансодносно тоник. Го подобрува апетитот и варењето на храната .
Една важна особина е ја стимулира работата на панкреасот и доведува до зголемена продукција на инсулин, а со тоа претставува извонреден лек за шеќераши бидејќи го намалува шеќерот. Исто така бидејќи го подобрува метаболизмот се користи за јакнење на организмот против слабокрвност. Векови наназад во народната медицина луѓето го користеле и против висока температура особено луѓе болни од маларија.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Нане.
Извадок од прирачник за лековити билки.
ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС
Ајде да создаваме заедно
Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.