Риген (Origanum vulgare)

Лековита билка која е распространета на планината Голак.

01

Опис:

Риген е повеќегодишно тревесто растение со добро развиен корен. Стеблата се исправени, високи од 30 – 60см со четири раба. Цветовите се еднополови и двополови со црвено-виолетова боја.
Плодот е сув и се распаѓа на четири оревчиња. Тој е познат и по други народни имиња како што е: вранилова трева, планински чај и балкански чај. Цвета од Јуни до Август, раѓа плод од Јули до Септември. Се размножува со семе и вегетативно со коренови израстоци.

02

Риген-карактеристики:

Ригенот се бере на чисти места кои не се загадени почнувајќи од месец Јуни до Август, на високите места може да се собира и во месец Септември и Октомври. Се бере по убаво сончево време и тоа во должина од 20 – 30см од врвот. Многу е битно да не се корне, бидејќи е повеќегодишно растение и секоја година може да се најде на истото место.
Се суши на сенка распослан на чиста хартија или чаршав, а исто така може да се суши врзан во форма на китка.Не треба да се суши на сонце, бидејќи ќе го изгуби целокупниот квалитет. Берењето и сушењето треба да овозможи да се зачува природниот мирис кој е пријатен, природниот вкус кој е слатко горчлив и најважно лековитоста. Ригенот се чува во хартиена амбалажа.

03

Распространетост:

Широко е распространето на планината Голак. Расте по полиња, откриени места во шумите необработливо земјиште, покрај патишта и шумски пресеци. Достигнува и до 2000 м.н.в.

04

Лековити својства:

Ригенот е извонреден природен лек и чај за секојдневна употреба. Претставува добар антисептик, експекторанс, бронходелататор, стомахик, холеретик и благ диуретик. Се користи за лекување на дишните патишта и тоа при настинки, за искашлување, бронхит.Поради содржината на танини е ефикасен при проливи кај деца и возрасни.
Во народната медицина се користи како чај против анемија поради содржината на железо и фолна киселина. Се користи и во прехранбената индустрија и тоа како зачин, во индустријата за добивање на пиво, како и во месната индустрија. Најдобар лек од Ригенот е чајот кој може да се користи како секојдневен напиток има пријатен и убав вкус и многу добра арома.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Мајчина Душичка или Жолт Кантарион.
Извадок од прирачник за лековити билки.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС

Ајде да создаваме заедно

Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.

Scroll to Top