Шипка (Rosa canina)

Лековита билка која е распространета на планината Голак.

01

Опис:

Шипката е разгранета во основата, бодлива, листопадна грмушка, висока од 1,5 – 3 м, со лаковидно извиткани гранки. Кората е зелен или црвеникава.
Целото растение е покриено со боцки срповидно свиткани наназад. Цветовите се од 3-5 во во соцветија или единечни. Плодот е шипка долга е 2-3см, со јајцесто елипсовидна форма, црвена, мазна, внатре има поголем број на аглести и влакнести семки.
Цвета во Мај-Јуни и раѓа плод во истиот период и зрее во Септември и Октомври. Се размножува со семе и вегетативно преку коренски израстоци.

Шипка (Rosa canina)

02

Шипка-карактеристики:

Берењето на плодовите се врши во месец Септември, Октомври и Ноември кога плодовите не се целосно зрели, ако се користи за медицинска примена, а додека се користи во исхраната подобро е да се користат помеки плодови (мармалад). Берењето треба да биде на чисти и незагадени места.
Сушењето на плодовите треба да се врши на сонце или во сушара на температура од 50-60 степени. Се чува во хартиена амбалажа на суво место. Од берењето, сушењето и чувањето зависи лековитоста.

03

Распространетост:

Широко е распространета на планината Голак. Расте во грмушки, тревести површини, по браздите и по краевите на шумите. Достигнува до 2000 м.н.в.

04

Лековити својства:

Шипката претставува многу добар природен лек кој поседува три важни својства и тоа: го подобрува имунитетот, делува адстрингентно и силно антимикробно. Се користи за лекување на полести предизвикани од недостаток на витамин C и тоа за подобрување на имунитетот, при заболување на горните дишни патишта-грип, настинка, бронхитис и пневмонија.
Преку составните компоненти делува силно антиоксидантно, го зајакнува колагенот, сврзното ткиво, рскавицата, тетивите, коските и мускулите.Го подобрува апетитот, го подобрува метаболизмот, поради што треба почесто да се употребува. Од плодовите на шипката се изработуваат витамински концентрати и екстрати, разни сирупи, мармалади, желе и др.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Капинa.
Извадок од прирачник за лековити билки.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС

Ајде да создаваме заедно

Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.

Scroll to Top