Нане
(Mentha Arvensis)

Лековита билка која е распространета на планината Голак.

01

Опис:

Нане е повеќегодишно тревесто растение. Коренот е долг, многу разгранет, лазечки.Стеблата се четирирабести, прави,едногодишни, многу разгранети високи, темнозелени или црвеникави по боја. Цветовите се правилни со должно набраздени, црвеникаво-зелени чашки и виолетови венчиња.
Плодовите се суви и се распаѓаат на четири, кафеави до црни мрежести, рапави или мазни оревчиња. Цвета во Јули-Август, плод раѓа во Август-Септември. Се размножува претежно со коренови изданоци, плодови и семиња речиси не се образуваат.

02

Нане-карактеристики:

Берењето на лековитото растение треба да е на чисти места, има многу фамилии кои го одгледуваат и во своите дворови и градини. Надземниот дел се бере кога растението цвета, се бере 20 см од врвот, при берењето не треба да се оштетува и треба да се пристапи кон брзо сушење. Се суши на сенка на проветрени места распослано на чиста хартија или платно, а може да се суши и врзано како китка. Треба да се чува во хартиена амбалажа. Берењето, сушењето и чувањето треба да овозможат да се зачува природната боја, арома, вкус и лековитост.

03

Распространетост:

Нането се среќава на планината Голак. Расте на влажни, тревести места, покрај реки и мучуришта, во низините и планините. Може да се одгледува и како култивирано растение. Дастигнува до 1200 н.м.в.

04

Лековити својства:

Од памтивек нането е народен и домашен лек за лекување на стомачни заболувања. Неслучајно нашиот народ го користи за припремање на храна која тешко се вари. Помага кога имаме цревни проблеми, воспаление на тенкото и дебелото црево, воспаление на желудникот, ги намалува стомачните болки спречува создавање на гасови и отклонува непријатен здив во устата.
Нането е пријател на црниот дроб, ја подобрува неговата функција и стимулира лачење на жолчни киселини. Лековитото растени иома голема примена и во алкохолната индустрија, во прехранбената индустрија каде се користи како зачин посебно во индустријата за добивање на бонбони.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Подабиче.
Извадок од прирачник за лековити билки.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС

Ајде да создаваме заедно

Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.

Scroll to Top