Жолт Кантарион (Hypericum perforatum)
Лековита билка која е распространета на планината Голак.
01
Опис:
Жолт Кантарион е повеќегодишно коренско растение. Стеблата се прави и тенки со висина од 80см.
Цветовите се жолти, додека плодот е како ѕвонче.
Цвета од Мај до Август, раѓа плод од Јули до Октомври. Се размножува со семе и вегетативно (Преку коренски изданоци).
02
Жолт Кантарион-карактеристики:
Кантарионот е дар од природата. Се бере на чисти и незагадени места, по убаво, суво и сончево време кога почнува да цвета. Се сечат само Врвовите на растението во должина од 30 см. Не треба да се откорнува бидејќи така доаѓа до негово уништување.
Се врзува во китка и се суши под сенка на промаја закачен како китка или распрослан на чиста хартија-платно. Не треба да се суши дирекно изложен на сонце. Се чува во хартиена амбалажа на суво место.
Распространетост:
Жолтиот кантарион е широко распространет на планината Голак. Расте по полињата, широки места во шумите, сечишта, необработливи земјишта, покрај патот. Достигнува 2000 м.н.в.
04
Лековити својства:
Кантаронот е лек од античко време па се до денес. Кантарионот е инзонреден лек за стомачни заболувања, воспаление на желудник, чир на желудник, чир на дванаесетопалачно црево, воспаление на тенко и дебело црево. Претставува многу ефикасен лек за лекување на пролив кај возрасни и кај деца.
Во стоматологикјата се употребува во форма на капки и чај за лекување на воспаление на непцата. Кантарионот најголема примена има за лекување на повреди, рани и изгореници на кожата. Раните брзо зараснуваат, не доаѓа до инфекција, се смирува воспалението и се намалува болката. Во козметиката кантарионот се користи за изработка на лосиони, креми и шампони.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Мајчина Душичка.
Извадок од прирачник за лековити билки.
ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС
Ајде да создаваме заедно
Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.