Смил
(Helichrysum arenarium)
Лековита билка која е распространета на планината Голак.
01
Опис:
Смил е повеќегодишно тревесто растение, високо од -15 – 30 см. Коренот е вертикален, обично вдрвенет. Стеблата растат нагоре или исправени, само на врвот разгранети.
Цветовите се ситни, собрани во збиени кошнички. Кошничките се распределени по 10-30 на влакнести рачки на врвот на стеблото.
Цветовите се со убава жолта боја и кога ке се набере растението бојата се задржува со години. Цвето во Јуни-Јули, а плод раѓа во Јули-Септември. Се размножува со семе што го расејува ветерот.
02
Смил-карактеристики:
Лековитото растение се бере во периодот Јуни-Август по убаво суво и сончево време, со ножичка се сечат цветовите или надземниот дел во должина од 20-30 см. Цветовите внимателно се ставаат во кожници, а надземниот дел се врзува во форма на китка. Треба да сме внимателни ова лековито и украсно растение да не го вадиме со корен за да не го искорениме. Смилот се суши под сенка на проветрени места, распослан на чиста хартија/чаршав или врзан во форма на китка. Со берењето и сушењето треба да ги сочуваме убавата боја, природниот мирис кој е специфичен, горчливиот вкус. Смилот се чува во хартиена амбалажа.
03
Распространетост:
Лековитото растение е распространето исто така и по планината Голак. Расте по суви, тревни и песокливи места како елемент на природната флора. Достигнува до 900-1000 м.н.в.
04
Лековити својства:
Смилот во минатото повеќе се користел во народната медицина, многу малку помалку ви официјалната медицина. медицината докажала дека смилот поседува диуретичен ефект или го зголемува мокрењето. Потоа го стимулира лачењето на жолчни киселини и се користи како холагог односно холеретик. Диуретичното дејство односно зголеменото мокрење се должи на флавонидите и етерното масло, прито се намалуваат отоците од телото и се елиминира песок од бубрезите.
Локално во форма на масти, лусиони и облози смилот се користи против артритис, полиартритис и акутни реуматски заболувања.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Коприва.
Извадок од прирачник за лековити билки.
ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС
Ајде да создаваме заедно
Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.