Малина (Rubus idaeus)

Лековита билка која е распространета на планината Голак.

01

Опис:

Малина е повеќегодишно коренесто растение. Во првата година се развиваат стебла што достигнуваат висина од 2м. Во втората година тие се разгрануваат, даваат плод и се сушат. Цветовите се бели, собрани во едри, метловидни соцветија. Плодот е собирна, ароматична јаготка, составена од 20-30 зрна коишто образуваат стегната и густа полутопка или конус со црвено обојување и специфичен благ вкус.
Цвета во Мај-Јули, плодовите зреат во Јули-Август. Се размножува вегетативно со корениви изданоци и семенски.

02

Малина-карактеристики:

Плодовите се берат кога се зрели во месец Јуни, Јули и Август. Се сужат на сонце или во сушара, а можат и да се замрзнат. Најдобро е да се користат свежи. Исушените плодови се чуваат во хартиена амбалажа.Листовите се берат во периодот кога растението цвета, тогаш се најквалитетни и најлековити.
Се сушат на сенка, проветрени места и се чуваат во хартиена амбалажа. Коренот се откопува наесен или рана пролет, се мие од земјата и нечистотиите и се сече на парчиња од 10 см,се суши на сонце или во сушара до 50 степени.Со берењето, сушењето и чувањето треба да ги зачуваме природните својства на малината како и лековитоста.

03

Распространетост:

Малината е широко распространета на планината Голак. Расте по шуми и грмушки, на влажни осојни места, по осветлени делови и сечишта.Достигнува до 2000 м.н.в

Малина (Rubus idaeus)

04

Лековити својства:

Малината може да се користи како секојдневен чај за освежување и тоа припремен и од листот и од плодовите. Се употребува за подобрување на имунитетот и отпорноста на организмот особено зимскиот период против зимски и сезонски заболувања на дишните патишта. Се употребува како чај против настинка, грип, го зголемува потењето, а ја намалува температурата. Плодот од малина е добар природен лек за лекување на мрзливи црева и се користи против запек (тврда столица).
Го подобрува апетитот кај децата и старите и ја подобрува крвната слика. Од плодовите во домашни услови се изработуваат: слатко, компот, мармалади, сокови кои се користат во зимскиот период како здрава храна богата со сите неопходни здрави материи.

Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Шумска јагода.

Извадок од прирачник за лековити билки.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС

Ајде да создаваме заедно

Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.

Scroll to Top