Боздел (Sambucus nigra)
Лековита билка која е распространета на планината Голак.
01
Опис:
Боздел е дрво високо 10 метри. Гранките се со мека белузлава срцевина. Кората на младите гранки е сива и мазна , а на старите гранки е сиво – кафеава. Цветовите се ситни со 1 см собрани до штитовидни соѕвездија со дијаметар од 24см.
Плодовите се месести, јарко црни зрна 5-6 мм во дијаметар. Најсилно цвета преку Април- Јуни и раѓа плод преку Август – Септември. Се размножува со семиња што ги разнесуваат животните.
02
Боздел-карактеристики:
Цветовите се собираат по убаво сончево време во текот на цветањето, кога не се целосно прецветани во Мај и Јуни притоа се берат цветовите со дршките. Цветовите не треба да се оштетуваат се собираат во кошници. Се сушат под сенка, на провевни места врзана во форма на китка или распослани на чиста хартија.
Кората се собира во рана пролет и тоа од гранките кои не се постари од три години. Кората се сече на ситно и се суши на сонце или во сушари со температура помала од 40 степени. Коренот од Боздел се откопува во доцна есен и рана пролет, добро се мие,се чисти од сите рапави делови, се сече на ситни делови и се суши на сонце или во сушара со температура помала од 40 степени.
03
Распространетост:
Бозделот е распространет на планината Голак. Расте на влажни засенчани места, покрај реки и потоци, во грмушки, листопадни шуми и населени места. Достигнува до 1700 м.н.в.
04
Лековити својства:
Бозделот бил познат Уште од најстари времиња како лековито растение за лекување на разни болести. Бозделот се користи како силно антивирусно растение, ја намалува телесната температура, Претставува силен лек за лекување на болести кои се јавуваат на респираторниот систем и тоа: грип, настинка, бронхитис, пневмонија, ги ублажува и симптомите кај пациентите болни од туберкулоза. Исто така се употребува и како диуретик и средство за мокрење при заболување на бубрезите и мочниот меур, елиминира песок, а го намалува и крвниот притисок. Бозделот може да се користи и локално како облоги.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Црвен Кантарион.
Извадок од прирачник за лековити билки.
ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС
Ајде да создаваме заедно
Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.