Капина (Rubus fruticosus)

Лековита билка која е распространета на планината Голак.

01

Опис:

Капината претставува растение од збиен ботанички вид. Повеќе годишна, коренска, бодлива грмушка. Корените и се многу развиени и се поставени длабоко во почвата. Стеблата се долги, извиени како лак, разлеани или подигнати нагоре. Покриени се со свиткани боцки.
Цветовите се распоредени во гроздовидни соцветија по врвовите на кусите цветоносни разграноци. Плодовите се збиени, сјајни, црни, со сладесто-кисел вкус и пријатна арома.
Цвета во Мај-Јуни. Зрее во Август-Септември. Се размножува со семе и вегетативно преку вкоренување на легнати стебла.

Капина (Rubus fruticosus)

02

Капина-карактеристики:

Листот се бере кога капината цвета, во тој период е најквалитетен и најлековит, но може да се бере и во текот на целото лето. Се бере на чисти места, по убаво суво и сончево време. Листот се суши на сенка на проветрени места и се чува во зартиена амбалажа.
Плодивите се берат кога се зрели во текот на месец Август. Може да се користет свежи но и да се исушат и тоа се сушат на сонце или во сушара на температура до 50 степени.

03

Распространетост:

Капината е широко распространета на планината Голак. Расте по каменести склонови, ниви, влажни места покрај реки и потоци, проретчени шуми. Достигнува до 1600м.н.в.

04

Лековити својства:

Во народната медицина капината се користи како силен природен лек кој го зајакнува човековиот организам и посебно се препорачува кај луѓе кои се слаби, малаксани и бледи. Поради големата содржина на железо и C витамин, капината е стар вековит лек за подобрување на слабокрвноста и лекување на анемии. Листот од капина поради содржината на танини се користи за лекување на стомачни заболувања како и во стоматолаошката пракса.
Во стоматолошката пракса се користи при воспаление на непцата. Плодот од капина се користи во прехранбената индустрија како и во домаќинствата за припремање на компоти, слатки, мармалади и сокови кои се користат како здрава природна храна и сретства за јакнење на организмот.
Доколку ве интересера нешто повеќе за други лековити билки посетете ја статијата за Малина.
Извадок од прирачник за лековити билки.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО НАС

Ајде да создаваме заедно

Поврзете се со нас за да истражиме како можеме да ја направиме вашата визија реалност. Придружете ни се во обликувањето на иднината.

Scroll to Top