Голак

Зачекорете во царството каде што имагинацијата не познава граници,
а креативноста е клучот за отклучување на бескрајните можности.
Нашиот свет е платно за вашите најлуди идеи да станат реалност.

Планината Голак

Планината Голак е средновисока планина меѓу Делчевската Котлина на исток и Кочанската Котлина на запад, со меридијански правец на протегање. Планинскиот масив опфаќа 12.800 ха, односно е долг околу 40 км а широк околу 20 км. Спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка (1.538 м), под кој се наоѓа современ туристичко-рекреативен центар (1.400 м), 12 км од Делчево и на кој се наоѓа игралиште за фудбал, кошарка и тенис.

Туристичката положба на масивот е одлична бидејќи во радиус од 20 km се неколку града и тоа: Делчево, Македонска Каменица, Виница и Берово. Од Делчево, до самиот врв Чавка, води асфалтен пат, кој неодамна е обновен и во одлична состојба. Во подножјето на Голак пак, поминуваат повеќе значајни регионални патишта, како и меѓународниот пат за Бугарија.

Планината е добра за пешачење, нема ризични подрачја, и е идеална за сите видови планински спортови. Планинарење, велосипедизам, трчање, скијање. Има обележано две-три планинарски патеки, кои почнуваат од Делчево, а завршуваат на највисокиот врв Чавка, 1.536 метри, или до Мала Чавка 1.508 метри надморска височина.

Климата на Голак е континентална во подножјето, до континентално-планинска во највисоките делови. Воздухот е доста чист, богат со кислород, а осончаноста како за планина е долга и изнесува околу 2200-2300 часа годишно. Средногодишната температура е околу 11°С кон подножјето, до 6°С околу врвот Чавка. Во жешките летни денови, температурите на воздухот на врвот на Голак се за 5-6°С пониски отколку во Делчево или Виница, што е вистинско освежување од жештините. Врнежите се во опсег од 600-700 mm годишно, главно во пролетниот и есенскиот период. Во зима, дел од врнежите е во вид на снег, а над 1400 m височина, снегот обично се задржува 2-3 месеци.

Планината располага го голем број на билки и чаеви кои се берат од месец април па сè до месец октомври како што се жолт и црвен Кантарион, Мајчина Душица, Бела Рада, Ајдучка трева, Бозел, Шипинки, Капини, Диви Јагоди, Подабиче, Нане, Јаглика итн. Се среќаваат голем број на печурки меѓу кои и јадливите Врган, Лисичарка, Буковка, Срндак итн. На планината Голак се среќава и поголем број на дивеч како што се дива свиња, див зајак, лисица, кафеав орел, понекоја срна како и повеќе видови на глодачи.

Планината Голак

На најдолниот дел на Голак тече најголемата река во источна Македонија реката Брегалница која на крајниот дел на планината Голак ја формира големата акумулација Калиманци. Постојат услови за скијање, планинарски велосипедизам како и за планинарење.

Зачекорете во царството каде што имагинацијата не познава граници,а креативноста е клучот за отклучување на бескрајните можности.

Scroll to Top